„Лудило“ во Атина: Еве како фановите на Пао го пречекаа Обрадовиќ!(ВИДЕО)

160
ФОТО:facebook.com/paobcgr/

Жељко Обрадовиќ официјално се врати во Панатинаикос. Српскиот тренер одлучи да се врати во Атина и потпиша тригодишен договор со голем клуб. Јасно е дека при појавувањето на “Кралот“, како што го нарече газдата на Панатинаикос, во “Оака“ салата настана „лудница“. Фановите на “зелените“ и тоа му се израдуваа на најтрофејниот тренер во Еврологата.
Свој коментар на прес – конференцијата имаше и самиот Обрадовиќ:

Бев тренер на Партизан и тогаш бев многу среќен. Никогаш немам цел во животот да размислувам за далечна иднина. Во ноември имав многу тешка одлука. После тоа правев работи надвор од кошарката и не размислував за тоа. Му реков на менаџерот дека не сакам да зборувам за кошарка. Димитрис рече, ќе се погледнеме себеси. Ќе работиме, со почит кон другиот клуб. Тоа е најдобриот начин, ако се фокусирате на себе, имате можност да бидете таму каде што треба да бидете“, рече Обрадовиќ.

 

ПретходноВо Башкими е затишје ама се најавува „голема бура“
СледноВиктор Петровски: Овие кошаркарки заслужуваат голема почит