Франција – Ирак 1:0 е резултатот по првото полувреме од дуелот во Филаделфија во рамките на 2.коло во групата И. Се играше 14.минута кога по додавање на Олисе, капитенот на “Триколорите“ распали од околу дваесетина метри за гол, за водство од 1:0. Ова беше негов 15 гол на Мундијалите со што се израмни со Роналдо Назарио на вечната листа, прв е Лео Меси со 18.
Кога станува збор за ова СП, тогаш билансот, барем засега е Меси – Мбапе 5:3.
Франција тргна уште од првите секунди со агресивни напади, имаше шанси за водство а тоа дојде во таа 14.минута. Од 25.минута па натака Ирачаните како да се ослободија од тој стршен притисок, имаа дури и обиди за израмнување. Имаше Мбапе шанси за нов гол, но на пауза се замина со тие 1:0 за Франција.










