Македонскиот кошаркарски репрезентативец и интернационалец Андреј Јакимовски и официјално си замина од тимот на Тренто. Предмалку италијанскиот клуб преку социјалните мрежи му се заблагодари на Јакимовски за досегашната соработка и му посака многу среќа во понатамошниот дел од кариерата.
Јакимовски имаше одлично одиграни партии во дресот на Тренто, а сега очигледно е време за нов предизвик и дестинација.
Дали тоа ќе биде тимот на Наполи, или пак Јакимовски ќе ја промени лигата и ќе замине во Шпанија во тимот на Валенсија што е исто така опција за него ќе видиме во следните денови. Сепак, едно е сигурно дека со своите игри во изминатата сезона Јакимовски и тоа како заслужи да ја промени средината и да заигра на уште повисоко ниво.
View this post on Instagram










