Авдули заминува во Влазнија

104

Македонскиот младински репрезенативец, и досегашен член на екипата на Арсими, Џезаир Авдули ќе го има својот прв интернационален предизвик.
Бекот заминува во Албанија и потпишува договор со тамошниот прволигаш, тимот на Влазнија.

Авдули одигра одлична полусезона во тимот на Арсими, со што и го заслужи повикот во младата У21 репрезентација од страна на селекторот Горан Станиќ.

Тој инаку е дете на Шкендија Тетово, но никогаш таму не ја доби вистинската шанса.

Влазнија е одлична средина за рв интернационално искуство, и екипа која што е во врвот на албанскиот фудбал.

Левиот бек таму ќе има можност за уште поголем развој во кариерата, и минутажа на уште повисоко ниво.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Роналдо, Кејн, Модриќ…
СледноКостадинов се враќа во Сигма по завршувањето на позајмицата во Словачко