Денеска на Мундијалот: Роналдо, Кејн, Модриќ…

91
фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Денеска на СП 2026 можеме да проследиме уште четири и тоа како интресни мечеви. Во прв план е Португалија и секако Роналдо кои играат против Узбекистан. Сите сакаме да видиме дали оваа супер – селекција со својот капитен ќе почне ли конечно да игра добар фудбал. На Англија и Хари Кејн нема да им биде лесно против Гана, а Хрватска и Лука Модриќ ќе мора да победат против Панама ако сакаат пласман во нокаут – фазата.

Хрватска треба да премине на систем 4-2-3-1 со Ливаковиќ на голот, секако, и централните бекови Шутало и Ќалета-Цар, заедно со Станишиќ и Гвардиола во одбраната. Во средниот ред, 40-годишниот Лука Модриќ и осум и пол години помладиот Матео Ковачиќ ќе играат како две шестки зад Мартин Батурина на „десетката“. Петар Сучиќ треба да биде лажно десно крило, што отвора простор за Станишиќ да игра од втор план, Перишиќ е на неговото лево крило, додека единствениот сомнеж во нападот е: Петар Муса, кој постигна гол против Англија, или искусниот централен напаѓач Анте Будимир, кој чека на својот прв настап на Светското првенство. Доколку игра вториот, се очекува средниот ред да бидат Модриќ – Петар Сучиќ, со Батурина пред нив и „штафетата“ Модриќ – Ковачиќ околу 60-тата минута, слично како онаа против Англичаните, и Марко Пашалиќ на десното крило од самиот почеток, бидејќи на Будимир му треба некој да го храни со топки. Според последните информации од нашиот табор, ова ќе биде почетниот состав.

Во второто коло од Групата К на Светското првенство во 2026 година, Португалија бара прва победа по неочекуваното реми 1-1 против ДР Конго, во натпревар каде фаворитите се предадоа прерано откако поведоа и на крајот скапо платија за пад на интензитетот. Од друга страна, Узбекистан загуби со 1-3 против Колумбија на своето деби на Светското првенство, но имаше свои фази на доминација и доволно можности за да го направи резултатот поповолен, па затоа пристигнува во Хјустон со верување дека може дополнително да ја искомплицира ситуацијата за еден од главните фаворити во групата.

Роберто Мартинез речиси сигурно ќе се држи до системот 4-3-3 со мали прилагодувања во почетната постава: Диого Коста на голот, искусните Жоао Кансело и Нуно Мендес на бековите, со стоперскиот пар Рубен Дијас – Ренато Веига и дуото Жоао Невес – Витиња како мотор во средината. Бруно Фернандес е одговорен за креативноста и постигнувањето голови, додека Франсиско Консеисао и Педро Нето ќе ги напаѓаат просторите околу Кристијано Роналдо, кој останува клучна референтна точка во шеснаесетникот.

Англија и Гана влегуваат во натпреварот со максимални три бода, свесни дека уште една победа ќе биде огромен чекор кон првото место и сигурно место во нокаут фазата. Англичаните ја победија Хрватска со 4-2 во првиот натпревар во демолирање кое уште еднаш го потврди напаѓачкиот потенцијал на тимот на Тухел, додека Гана, со тешка победа од 1-0 над Панама во контранапад во судиското продолжение, добро се справи, но остави впечаток дека и недостасува вистинска креативност во последната третина.

Томас Тухел останува верен на системот 4-2-3-1 со Хари Кејн како оска во навалната линија, додека зад него триото Нони Мадуеке – Џуд Белингам – Ентони Гордон работи, а Деклан Рајс и Елиот Андерсон ја одржуваат рамнотежата во средината. Англија повторно ќе бара доминација преку посед на топката, висок пресинг и агресивни бекови, со можност Букајо Сака и Маркус Рашфорд да добијат позначајна улога од клупата откако ќе се опорават од мали проблеми.

И во четвртиот меч Колумбија е фаворит против составот на Конго.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА К

ХЈУСТОН – 19.00 Ч

Португалија – Узбекистан

ГРУПА Л

БОСТОН – 22.00 Ч

Англија – Гана

ГРУПА Л

ТОРОНТО – 01.00 Ч

Панама – Хрватска

ГРУПА К

ГВАДАЛАХАРА – 04.00 Ч

Колумбија – Конго

ПретходноПопзлатанов е следното ново име во Тиквеш
СледноАвдули заминува во Влазнија