Попзлатанов е следното ново име во Тиквеш

162

Екипата на ГФК Тиквеш полека но сигутно го склопува ростерот за следната сезона. Поточно, ги пополнува местата кои што во тимот се испразнети со заминувањата ова лето, кои што реално не беа во мал број.

Десетина фудбалери си заминаа од Кавадарци, а засега потврден е само Марко Алчевски голманот кој што доаѓа по интернационалната авантура во Израел односно Србија.

Па така, следен на листата нови играч на ГФК Тиквеш е Јован Попзлатанов, искусниот бек кој што последно беше дел од тимот на Македонија ЃП.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија има доста искуство во своите нозе и секако дека истото ќе биде од голема помош во следната сезона за тимот од Кавадарци.

Во следните ден два, најавени се уште новитети во тимот на ГФК Тиквеш.

Предмалку, Тиквеш го промовираше за нов играч и У21 репрезентативецот Теодор Николовски.

ПретходноДукати го „врза“ светскиот шампион до 2028 година
СледноДенеска на Мундијалот: Роналдо, Кејн, Модриќ…