Дукати го „врза“ светскиот шампион до 2028 година

21

Италијанскиот Мото ГП тим Дукати го потврди обновувањето на договорот со светскиот шампион Марк Маркез, кој во својата дебитантска година со главниот тим на Дукати собра 11 победи на Гран При трките и 14 победи на спринт трките.

„Јас сум „црвен“ возач. Многу сум среќен со овој нов договор и што ќе продолжам да бидам дел од семејството. Кога решив да се приклучам на Дукати, бев убеден дека тоа е најконкурентниот проект. Го сакам овој спорт и сакам да постигнам уште поамбициозни цели. Убеден сум дека ова е вистинското место за тоа“, изјавил Маркез.

Марк Маркез има седум титули на Светското првенство во својата кариера, од кои шест ги освои со Хонда.

ПретходноКорпулентниот пивотмен Бојаниќ е ново засилување за Младост
СледноПопзлатанов е следното ново име во Тиквеш