Ден на победи на македонските тенисери на ИТФ турнирот во Загреб

64
ФОТО:.mtftennis.mk/

Македонските тенисери имаа успешни настапи на денешните мечеви на ИТФ турнирот во Загреб што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Во поединечна конкуренција Олег Приходко, кој е прв носител за 51 минута го победи Словенецот Вид Мохар со 2-0 во сетови (61 63).

Во конкуренција на двојки македонската комбинација Каин Ивановски и Амар Хусеиновиќ ги победија Павел Кели (Словачка) и Лука Вуглар (Хрватска) со 2-0 во сетови 2-0 (64 63), а Приходко заедно со Андреј Чепелев ги победија Андреас Рендон (Салвадор) и Хосеп Ернандез (Аргентина) со 2-0 во сетови. Противниците во четвртфиналето ќе им бидат познати по утрешната програма.

Утре настап во поединечна конкуренција ќе има и Калин Ивановски, кој за ривал го има Јан Фацек (20 години) од Чешка.

ПретходноУО на ФФМ: Подмирени финансиски обврски се услов за настап во следната сезона
СледноТажна вест: Почина Јовица Илиевски, долги години беше дел од репрезентацијата на Македонија!