Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

111
ФОТО: Јurgen Klopp/X

Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во понеделник во Далас, а особено привлече внимание на крајот од натпреварот. За време на преносот во живо, му се приближи Мекалистер, асот на Аргентина, кого Клоп го тренираше во Ливерпул. Тие цврсто се прегрнаа, а потоа Клоп му покажа на одличниот играч од средниот ред дека сака да го соблече дресот.
Аргентинецот се повлече малку назад, потоа без размислување го соблече дресот и му го подари на својот поранешен учител по фудбал. Така, Клоп доби сувенир од натпреварот каде што Меси го собори рекордот по број на постигнати голови на Светското првенство.

ПретходноПортугалија – Узбекистан 5-0: Роналдо е првиот фудбалер кој бил стрелец на шест светски првенства!(ВИДЕО)
СледноДојде Обрадовиќ и го “пречкрта“ Ти-Џеј Шортс!(ФОТО)