Одиграни натпреварите од првиот ден на Државната лига

19

Со денешните три натпревари стартуваше Државната лига, според распоредот и утре (среда) ќе се играат три натпревари, додека во четврток и петок на програмата ќе бидат по два натпревара.

На денешните дуели шампионот Југ го совлада тимот на Тумба од Куманово со 6:0, додека Поинтер беше поуспешен од МТП со 4:2, а со истиот резултат заврши и дуелот Тумба – Мондано.

Утре на програмата се дуелите меѓу:  МТП – Југ (почеток 9 часот); Поинтер – Мондано (почеток 10:30); МТП – Тумба (почеток не пред 13 часот).

Во четврток играат: Југ – Поинтер (почеток 9 часот) и МТП – Мондано (почеток не пред 10:30 часот), а во петок се последните два дуела: Мондано – Југ и Поинтер – Тумба (почеток 9 часот).

ПретходноЕве како реагираше Роналдо кога го прашаа за Меси!(ВИДЕО)
СледноСамо реми со Гана: Ваква Англија е далеку од пехарот на СП!