Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло од квалификациите за Гренд Слем тунирот Вимблдон, откако предмалку беше подобра од шпанската Фита Лобуда со 2:0 по сетови.
Ѓорческа одлично го одигра овој меч и го доби првиот сет со 6:2, по што и беше далеку полесно да се справи со противничката во продолжението на мечот.
Вториот сет лина го доби со 6:4, а истиот траеше 44. минути, десетина повеќе од првиот.
Со овој триумф, Ѓорческа минува во следната фаза и ќе се сретне со победникот од дуелот Гаифи од Унгарија против Жорге од Португалија.










