Лина Ѓорческа го мина првото коло од квалификациите на Вимблдон

78

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло од квалификациите за Гренд Слем тунирот Вимблдон, откако предмалку беше подобра од шпанската Фита Лобуда со 2:0 по сетови.

Ѓорческа одлично го одигра овој меч и го доби првиот сет со 6:2, по што и беше далеку полесно да се справи со противничката во продолжението на мечот.
Вториот сет лина го доби со 6:4, а истиот траеше 44. минути, десетина повеќе од првиот.

Со овој триумф, Ѓорческа минува во следната фаза и ќе се сретне со победникот од дуелот Гаифи од Унгарија против Жорге од Португалија.

 

ПретходноКостадинов се враќа во Сигма по завршувањето на позајмицата во Словачко
СледноНејт Систина ја засили Македонија за јулските репрезенативни мечеви