Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и кога натпреварот Франција – Ирак ќе продолжи. Такви се строгите федерални закони во САД.
Ова е првиот меч на Мундијалот да биде прекинат, поради грмотевици и лоши временски услови.
Значи најавите се остварија дека во Филаделфија ќе има прекин.
Колку за потсетување, Франција води со 1:0 со голот на Килијан Мбапе во 14.минута.










