Репрезентативецот на Египет од Мундијал директно во Барселона

93

Еден од најголемите таленти во египетскиот фудбал, 18. годишниот Хамза Абделкарим по завршувањето на активностите на тековниот Мундијал, каде што се наоѓа со својата репрезентација, директно ќе замине и ќе потпише долгогодишен договор со тимот на Барселона.

Абделкарим изминатите шест месеци ги мина како позајмен фудбалер од тимот на Ал Ахли во Барселона Б, каде што на на девет мечеви постигна шест гола и ги увери стручните лица во клубот дека е вреден за премнанентен дил.

Барса само ќе го информира Ал Ахли дека ја активнира откупната клаузула вредна 1.5 милиони евра и офанзивецот ќе се пресели на Ноу Камп долгорочно.

 

ПретходноНејт Систина ја засили Македонија за јулските репрезенативни мечеви
СледноОфицијално: Гатузо е нов тренер на Лацио