Ѓоргиев четврти најдобар поентер во Европската лига 2026

29
фото: CEV.eu

Со биланс од три победи и три порази, машката одбојкарска репрезентација ги заврши настапите во Европската лига за оваа година. Избраниците на Јошко Миленкоски го реализираа планираното, но повредите на Љафтов и Маџинков на крајот не спречија можеби да се обидеме да направиме и некое изненадување.

По завршувањето на главната фаза дел од нашите репрезентативци имаа значителен ефект на статистичката листа според прикажаното на шесте натпревари. Капитениот Никола Ѓоргиев оваа главна фаза на натпреварувањето ја заврши како четврти најдобар поентер со 108 реализирани поени, веднаш зад Израелецот Либерман (134), Јансонс од Летонија (116) и Рура од Израел (113).

Гледајќи го процентот на освоени поени според бројот на одиграни сетови, Ѓоргиев е втор на листата, затоа што има 5,68 освоени поени по одигран сет, додека лидерот Либерман има 5,83.

На листата на најдобри блокери нашиот Филип Савовски е на 13 место со 13 успешни блокади.

Македонија замина на пауза до 5 август, кога е најавен новиот собир, овој пат како дел од подготовките за настап на Европското првенство.

ПретходноМеси е првиот во историјата кој на сите шест СП ја минал групата
СледноЛина денеска почнува во квалификациите на Вимблдон