Градимир Чаневски се врати во Бутел Скопје

259

Искусниот чувар на мрежата Градимир Чаневски по четири сезони одново ќе го брани голот на Бутел Скопје, каде што мина една година.

„Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот наш тренер Стојанче Стоилов“, порачаа од Бутел Скопје. 
Чаневски е искусен голман, кој треба да донесе сигурност меѓу стативите, а потекнува од школата на Металург каде остана до 2010 година. Играше и во Вардар до 2014 година, па во Вардар Јуниор две сезони, потоа се пресели во Битола, каде беше дел од Еурофарм Пелистер пет сезони.
Следуваше една сезона во Бутел Скопје, потоа и првото интернационално искуство во Израел, каде стана шампион со Макаби Ришон Ле Зион, а македонскиот голман беше избран и за најдобар на таа позиција во лигата за сезоната 2023/24.

Последните две сезони ги мина на голот на Охрид, а ова лето прави камбек во Бутел Скопје, кој во новата сезона освен на домашна сцена, ќе игра и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп

ПретходноТоа е тој Роналдо!
Следно„Бомба“: Дон Флорентино со 140 милиони евра тргнува по ѕвездата на Челзи?!