Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

163
ФОТО:.facebook.com/nfsbih/

Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури шест натпопревари, по две во групите А,Б,Ц.

Супер интересно ќе биде во Сиетл каде од 21 часот се среќаваат БиХ и Катар. Четата на селекторот Сергеј Барбарез знае дека само со победа ќе оди во следната фаза. Канада и Швајцарија бијат битка за тоа кој ќе ја заврши групата Б како првопласиран.

ГРУПА Б

СИЕТЛ – 21.00 Ч

БиХ – Катар

ВАНКУВЕР – 21.00 Ч

Швајцарија – Канада

ТАБЕЛА

1.Канада 4

2.Швајцарија 4

3.БиХ 1

4.Катар 1

Во групата Ц допрва ќе видиме дали Мароко или Бразил во следната фаза ќе одат како први или втори. Африканската селекција се среќава со Хаити каде е апсолутен фаворит. Бразил има потешка задача со Шкотска, во меч во кој и Шкотите ќе сакаат да дојдат до бод за да го осигураат пласманот во нокаут – фазата.

ГРУПА Ц

АТЛАНТА – 00.00 Ч

Мароко – Хаити

МАЈАМИ – 00.00 Ч

Шкотска – Бразил

ТАБЕЛА

1.Бразил 4

2.Мароко 4

3.Шкотска 3

4.Хаити 0

Во групата А веќе нема дилеми кој ќе заврши како прв, тоа е селекцијата на Мексико кој од 03 часот се среќава со Чешка и веројатно ќе ги штеди силите. Ете шанса за Чесите со победа да се надеваат на пласман во следната фаза. Во вториот меч играат Ј.Африка и Ј.Кореја, на кој на Сон и компанија и бод им одговара за тоа второ место во групата.

ГРУПА А

МЕКСИКО СИТИ – 03.00

Чешка – Мексико

МОНТЕРЕЈ – 03.00 Ч

Ј.Африка – Ј.Кореја

ТАБЕЛА

1.Мексико 6

2.Ј.Кореја 3

3.Чешка 1

4.Ј.Африка 1

ПретходноТухел по големиот кикс: Добро се браневме
СледноДаниел Мојсов и официјално стави крај на фудбалската кариера