Миодраг Тодоровиќ е нов тренер на КК Кожув

90

Кошаркарскиот клуб Кожув паузата во шампионатот, ја искористува за промени на структурален план, па во таа насока назначи и нов тренер.

Се работи за Миодраг Тодоровиќ кој што досега беше на чело на екипата на КК Маџари. Тодоровиќ е релативно искусен стратег кој што дел од својот работен век досега го мина и во таборот на МЗТ Скопје како помошник тренер.

Во претходната сезона, Тодоровиќ беше избран за најдобар тренер во македонската Супер Лига, како признание за неговата работа, резултати и професионален пристап.

ПретходноИван Ивановски ја заврши епизодата во Јордан
СледноОдржан НБА драфтот: Кој се покажа најдобро, а кој најлошо?