Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи уште еден голем чекор кон пласман на главниот турнир на Вимблдон, откако денеска во второто коло од квалификациите во три сета со 2:1 (5:7, 6:2, 6:1) ја совлада португалската тенисерка Жорге.
Лина која за три места има подобар пласман на ВТА листата од Жорге го загуби првиот сет, но во следните два се врати во својата вистинска форма и практично ја „збриша“ противничката за нешто помалку од два и пол часа тенис.
Ѓорческа сега ја очекува уште последниот дуел од квалификациите против 127-та на ВТА листата, Италијанката Луција Бронзети. Ако успее да направи изненадување и да оствари и трета победа, нашата најдобра тенисерка ќе испише историја за македонскиот женски тенис.










