Само реми со Гана: Ваква Англија е далеку од пехарот на СП!

71
ФОТО:facebook.com/EnglandTeam/

Англија – Гана 0:0 е исходот од мечот од 2.коло во групата Л кој вечерва се одигра во Бостон. И ова реми не е толку страшно за “Гордиот Албион“ кој секако дека ќе оди во нокаут – фазата, туку е загрижувачки е како одигра Англија вечерва во Бостон, посебно до 75-80 минута. Англија тотално разочара, во првиот дел ништо не одигра, не создаде ниту една шанса за гол, а на спротивната страна Семењо можеше да ја доведе Гана во водство.

Во второто полувреме Англичанит доста поактивни, посебно во последните 15-20 минути кога видоа дека “ѓаволот ја однесе шегата“.

Прво Хари Кејн 70.минута опасно се закани. Во последните минути вистинско чудо е како Англија барем еднаш мрежата на цврстата Гана која сакаше по секоја цена да остане непоразена и успеа тоа. Сака, Кејн имаа супер шанси, О`Рајли ја погоди пречката ама гол немаше па немаше.

Па така овој меч заврши без победник и без голови.

Генерално може да се заклучи дека ваква Англија тешко дека ќе успее да дојде до пехарот на овој Мундијал.

ПретходноОдиграни натпреварите од првиот ден на Државната лига