Лина Ѓорческа е на чекор до историја!

152

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжува својата одлична серија во квалификациите за Вимблдон, каде што може да го забележи најдобриот резултат во историјата на Македонија.

Ѓорческа сега се соочува со натпревар во кариерата против Италијанката Луција Бронцети, моментално 127-ма тенисерка во светот, за пласман во главниот ждреб на Вимблдон.

Со победа, Лина може да стане првата тенисерка од Македонија што некогаш играла во главниот ждреб на еден Гренд слем. На прагот на овој голем успех се најде само еден месец откако почина нејзиниот татко, Владимир Ѓорчески Ципа.

Противничката е позната, двете веќе се имаат сретнато, пред пет години, меѓусебниот скор од 1:1.

Мечот меѓу Лина Ѓорческа и Лучија Бронцети е закажан 14 од часот. Италијанката е фаворит, но ова правило не секогаш се покажувало на делот.

ПретходноФердинанд застана во одбрана на Роналдо: Сите хејтери да замолчете!
СледноЦРВЕН АЛАРМ: За еден месец почнува лигата, а многу екипи не тренираат!