Македонската комбинација Ивановски – Хусеиновиќ избори полуфинале во Загреб

86
ФОТО:.mtftennis.mk/

Македонската комбинација Калин Ивановски и Амар Хусеиновиќ забележаа победа на денешниот четвртфинален меч на М25 турнирот во Загреб. Тие беа подобри од Пјотр Галус (Полска) и Факундо Тумоса (Аргентина) со 2-0 во сетови (64 64) за 75 минути игра. Во првиот сет македонските тенисери направија брејк во 9-тиот гем и поведоа со 6:4, а во вториот сет брејкот го направија во 5-тиот гем за водство од 3:2 во гемови.

Олег Приходко и Андреј Чепелев го предадоа мечот без борба на Чесите Јан Кумстат и Јакуб Врба.

Противници во полуфиналето ќе им бидат победниците од мечот меѓу Саба Пурцеладзе (Грузија) и Павлос Циципас (Грција) против Петрос Циципас (Грција) и Елефтериос Неос (Кипар).

Утре четвртфиналните мечеви во поединечна конкуренција ќе ги играат Ивановски против третиот носител Хавиер Баранко Косано од Шпанија, кој со 2-0 во сетови (63 63) го победи квалификантот Дориан Трембле (Франција). Македонскиот репрезентативец и првиот носител Олег Приходко ќе игра против Гркот Димитрис Сакеларидис, кој со 2-1 во сетови (67(2) 64 63) го совлада Грузиецот Саба Пурцеладзе.

ПретходноМарко Богданоски потпиша за РК Бутел!
СледноСилекс се пофали и со Никола Богдановски!