Некој сонува за трибина, а Олисе има ресторан со неговото име и тоа во Данска!

90

Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе во Копенхаген ги има своите најголеми обожаватели надвор од Франција.

Имено, бистрото наречено „Олисе“ целосно ја поддржува француската репрезентација за време на Светското првенство. Дресот на фудбалерот на Баерн (М) стана дел од официјалната униформа на вработените, а секој настап на Франција редовно се прикажува во барот кога ѕвездата на Баерн е на теренот.

Необичната врска меѓу данскиот ресторан и еден од најатрактивните француски фудбалери го привлече вниманието на бројни фанови на социјалните мрежи. Додека повеќето играчи сонуваат еден ден да имаат трибина или стадион именуван по нив, Олисе веќе има нешто што ретко се гледа – ресторан што го носи неговото име и практично функционира како негов неофицијален фан клуб за време на Светското првенство.

ПретходноУ15: Македонија поразена и на втората контрола со Албанија
СледноКлоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!