Роналдо: Не знам дали Меси е подобар од Марадона!

122
ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/

И покрај се, сепак и натаму трае дебатата за тоа дали Лео Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Свој коментар имаше и Роналдо, ама Назарио да Лима Роналдо.

Во разговор со исто така познатиот Ромарио, Роналдо сега вели:

За мене, Меси е меѓу петте најдобри фудбалери во историјата на светскиот фудбал. И секогаш ќе биде.“

Бразилецот потоа ги наведе играчите кои, според него, се на потесниот список.

Пеле, Марадона, Меси… Ти (Ромарио), Кристијано… Има и други луѓе кои би можеле да бидат таму.“

Ромарио се обиде да го вклучи Роналдо меѓу најголемите, но поранешниот напаѓач на Барселона, Интер, Реал и Милан одби да зборува за себе.

Ќе се изоставам себеси, за да биде полесно.“

Ромарио потоа истакна дека Роналдо без сомнение треба да биде во таа група, особено ако се земат предвид централните напаѓачи.

Кој централен напаѓач беше подобар од нас двајца? Тие не беа централни напаѓачи како што бевме ние“, рече Ромарио.

Роналдо верува дека е невозможно да се избере еден од најдобрите без јасно дефинирани критериуми.

Мора да најдеме некаков критериум за да можеме воопшто да водиме таква дискусија. Како да избереме некого без јасен критериум како најдобар во историјата? Дали е тоа оној што постигнал најмногу голови? Голови со десна нога? Со лева нога? Не може така.

На крајот, тој повторно се осврна на споредбата помеѓу Меси и Марадона.

Исто така, го гледавме Марадона многу пати. Меси е неверојатен, генијален, фантастичен. Но, не знам дали е подобар од Марадона“, заклучи Роналдо.

ПретходноМурињо го бара наследникот на Модриќ, ќе вложи 100 милиони евра
СледноМакедонија и се реваншираше на Бугарија (ФОТО)