Спортски спектакл во Кисела Вода: Државно првенство во Плазма Спортски игри за млади

64

Дојдовме до највозбудливиот дел од првата сезона на Плазма Спортските игри за млади – Државното првенство. Големиот спортски спектакл ќе се одржи во Општина Кисела Вода на 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот.

На едно место ќе ги видиме најдобрите „симовци“ од цела Македонија. Млади, мотивирани и подготвени да го дадат својот максимум. Околу 600 дечиња ќе се борат за пласман во големото финале кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит, каде ќе ги чекаат нивните врсници од Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Нè очекува вистински спектакл, особено затоа што СИМ слави 30 години од своето постоење, јубилеј кој заслужува голема сцена.

Повеќе од 25.000 деца беа дел од првата сезона на Плазма Спортските игри за млади. Благодарение на поддршката од Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски, Македонија стана дел од едно од најголемите аматерски натпреварувања во Европа, чија мисија е едноставна, но моќна, а тоа е бесплатен спорт за секое дете.

Државното првенство свечено ќе биде отворено на Плоштад „Расадник“ со палење на пламенот на пријателството, кој е симбол на единство, другарство и фер-плеј. Овој пламен изминатите месеци патуваше низ 11 градови: Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид и Тетово, носејќи ја спортската енергија низ целата земја.

На отворањето ќе им се обратат претседателката на Плазма Спортските игри за млади, Елена Мицковска, како и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска. Дел од големиот спектакл ќе бидат познати македонски спортисти и спортистки.

Плазма Спортските игри за млади не се само натпревар, тие се приказна за пријателство, заедништво и вистински вредности. Тие се потсетник дека спортот е најсилната алка што ги обединува сите.

Дечињата се натпреваруваат 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка, атлетика, баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Општина Кисела Вода – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.

Финалните натпревари од Coca Cola Cup 2011 во машка и женска конкуренција ќе бидат директно пренесувани на хравтските ТВ-канали: Арена и Спортклуб.

ЛОКАЦИИ НА ОДИГРУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ

Coca Cola Cup

Машки (полуфинале) – Игралиште кај Општина Кисела Вода

Женски (полуфинале) – 11 Октомври Спортски Терени

ФИНАЛЕ

Женски и Машки – Игралиште кај Општина Кисела Вода

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Машки и Женски  – 11 Октомври Спортски Терени

МАЛ ФУДБАЛ 2015

-Сите натпревари ќе се играат во Круме Кепески

ОДБОЈКА МАЖИ

Сите натпревари ќе се играат во Партение Зографски

ОДБОЈКА ЖЕНИ

-Сите натпревари ќе се играат во Невена Георгиева Дуња

РАКОМЕТ МАЖИ

-Сите натпревари ќе се играат во Круме Кепески

РАКОМЕТ ЖЕНИ

-Сите натпревари ќе се играат во Факултет за Физичка Култура

БАСКЕТ 3Х3 МАШКИ И ЖЕНСКИ

-11 Октомври Спортски терени

НАРОДНА 2015

-На Плоштад Расадник

НАРОДНА 2017

-Кирил Пејчиновиќ

АТЛЕТИКА МАШКИ И ЖЕНСКИ

-На Плоштад Расадник

ОДБОЈКА НА ПЕСОК МАШКИ И ЖЕНСКИ

11 Октомври Спортски Терени

ТЕНИС МАШКИ И ЖЕНСКИ

-Тениски игралишта во Општина Кисела Вода

ШАХ МАШКИ И ЖЕНСКИ

-Невена Георгиевска Дуња

ПИНГ – ПОНГ МАШКИ И ЖЕНСКИ

-Невена Георгиева Дуња – мала сала

ПретходноЕве колку заработи БиХ за пласман во нокаут фазата на Мундијалот
СледноФердинанд застана во одбрана на Роналдо: Сите хејтери да замолчете!