Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза на Мундијалот. Германците тргнаа со водство во 2. минута со голот на Сане, кој дојде по еден контроверзен момент и недосуден очигледен прекршок за ЕКвадор. Сепак, правдата беше задоволена само неколку минути подоцна кога Ангуло успеа да донесе резултатска рамнотежа погодувајќи за 1:1.
Еквадор беше прилично упорен да ја обезбеди победата која го остава на Мундијалот и истата стигна во 78. минута кога Плата успеа да погоди во мрежата на Нојер за 2:1.
Репрезентацијата на Брегот на слонова коска комплетно ја оправда фаворитската улога и вечерва во Филаделфија оствари победа од 2:0 над селекцијата на Курасао. Двата гола за „слоновите“ беа дело на голгетерот на шпански Виљареал, Николас Пепе, по еден во првото и второто полувреме.
За африканците оваа втора победа практично значи пласман на второто место во оваа група и пласман во нокаут-фазата.










