За првпат во историјата, секој олимпијец ќе има право на грант од 10.000 американски долари преку новата програма „Fit for the Future Olympian Grant“, која започнува и ќе важи со почетокот на Зимските Олимписки игри Милано Кортина 2026.
Целта на иницијативата е да обезбеди дополнителна поддршка за спортистите во текот на нивната кариера, но и во периодот по завршувањето на натпреварувањето на највисоко ниво.
Македонскиот олимписки комитет ја поздравува оваа значајна иницијатива, која претставува уште една потврда за посветеноста на олимпиското движење кон благосостојбата и иднината на спортистите. Ваквата поддршка ќе им овозможи на олимпијците поголем фокус на своите спортски цели, подобри услови за развој и дополнителна сигурност во планирањето на нивната иднина.










