На тековниот Мундијал синоќа се одиграа првите мечеви од 3.коло во групната фаза. Кога сме кај листата на стрелците и натаму Лео Меси е “кралот“ со 5 голови од два меча. По четири имаат Винисиус од три меча, потоа Мбапе и Халанд од два. По два гола имаат досега постигнато и играчи како Роналдо, Хаверц, Кејн, Гакпо.
Ова покажува дека битката за титулата најдобар стрелец на ова СП и тоа како ќе биде супер интересна. Има тука екстра напаѓачи кои од меч во меч уриваат рекорди.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
5-Меси (Аргентина)
4-Винисиус (Бразил), Мбапе (Франција), Халанд (Норвешка)
3-Ундав (Германија), Манзамби (Швајцарија), Куња (Бразил), Дејвид (Канада), Саибари (Мароко)
2-Роналдо (Португалија), Хаверц (Германија), Кејн (Англија), Гакпо (Холандија), Ојарзабал (Шпанија), Варгас (Швајцарија), Ајари (Шведска)…










