Андреј Јакимовски го облече дресот на Наполи

124

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски е нов член на Наполи. Оваа информација ја потврди и самиот тим.

Тој потпиша двегодишен договор со италијанскиот тим каде што тренер е Јасмин Репеша и во следната сезона ќе се натпреварува во ФИБА Еврокупот.

Јакимовски во Серија А имаше просек од 9,3 поени по натпревар, 4,6 скока и 1,1 асистенција, додека во Еврокупот постигна 10,8 поени и 6,1 скока за 24,4 минути.

Андреј стана третиот Македонец кој заиграл за овој спортски бренд после Елиф Елмас и Горан Пандев. Триот кое настапувало за еден голем тим сме имале и во минатото, во Барселона беа Кирил Лазаров, Владо Илиевски и Бабунски.

 

ПретходноЦРВЕН АЛАРМ: За еден месец почнува лигата, а многу екипи не тренираат!
СледноИ Ненад Димитријевиќ е подготвен за грчката авантура – се чека официјален ✍