Лудило во Босна и целосен колапс во Сараево (ВИДЕО)

746

Босна и Херцеговина се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство. Бразил ја победи Шкотска со 3:0. Ова ја турна БиХ во нокаут фазата на Мундијалот. Во вториот натпревар од групата, Мароко го победи Хаити со 4:2 и обезбеди пласман, додека Шкотска чека да види дали трите бода ќе бидат доволни за да продолжи понатаму како една од осумте најдобри третопласирани репрезентации.

Да потсетиме дека БиХ го победи Катар со 3:1. Ова ѝ го обезбеди третото место во Групата Б. По победата на Бразил над Шкотска, таа е сигурна во пласманот. Имено, постојат најмалку четири групи во кои третопласираната репрезентација нема ни теоретска шанса да биде подобра од неа. Тоа е Шкотска во Групата Ц и кој и да заврши трет во Групите Д, И и Ј.

После победата над Катар низ улиците во Сараево, но и цела Босна се славеше на големо, собраќајот во овој град беше во целосен колапс. Моментот можете да го видите на ЛИНКОТ.

ПретходноЧудото од дете од Босна го урна рекордот на Мбапе (ВИДЕО)
СледноЕве колку заработи БиХ за пласман во нокаут фазата на Мундијалот