Борјан Пановски (25) е нов играч на Силекс. Кратовци, а посебно тренерот Александар Васоски во одличниот бек добија осетно засилување ако се знае дека Пановски минатата сезона беше еден од надобрите играчи на Башкими. Тој може да игра и на десната и на левата бековска позиција.
Инаку Пановски некогаш беше дел од младинските селекции на Македонија, а досега во својата кариера има играно за екипите на Работнички од каде потекнува, потоа Тетекс, Охрид, Гостивар и Пелистер.
Секако дека со Пановски во тимот стратегот Васоски ќе има уште една добра опција кај бековите.















