Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

81

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт.

Тој во последен момент ја смени одлуката и не потпишува за Интер, туку од синоќа е во Лондон и станува нов играч на Челзи.

„Сините“ одлучија да и платат на Аталанта, неговиот досегашен клуб, 57 милиони евра, плус три милиони евра во вид на бонуси за да го доведат десниот бек на Стемфорд Бриџ. Аталанта добива и 10% од следниот трансфер на Палестра.

Палестра интересно изминатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Каљари каде што имаше импресивни партии и беше прогласуван за најдобар дефанзивец и сврстуван во тимот на сезоната.

ПретходноИвановски и Приходко обезбедија полуфинале на турнирот во Загреб
СледноГаштаров: Да се биде дел од првиот тим на Црвена Звезда е друг левел, а најмногу учам од Раде Круниќ