ТК Југ уште еднаш на доминантен начин до шампионската титула

18
Фото: ТК Поинтер

Тенисерите на Југ ја продолжија доминацијата во државната лига за тенис и освоија уште една шампионска титула. На убедлив начин со четири победи стигнаа до уште еден шампионски пехар. Во денешниот меч од последното коло го совладаа ТК Мондано со 5:0, додека во вториот денешен дуел Поинтер со 4:1 беше подобар од Тумба и со тоа го освои второто место.

Табела: Југ 4/0 (победи-порази); Поинтер 3/1; Тумба 2/2, Мондано 1/3 и МТП 0/4.

За тимот на Југ на мечевите настапија: Стефан Мицов, Кристијан Јанев, Берк Бугариќ, Марко Алексовски, Александар Грујиќ, Матеј Попов, Дарјан Пановски, Александар Трифуновски, Томислав Јотовски, И.Трпковски.

На сите мечеви тенисерите на Југ ја потврдија доминацијата и не загубија ниту еден сет.

Мечевите од Државната лига се играа на терените на ТК Поинтер.

ПретходноГотово е: Рајт доби македонски пасош, Македонија доби големо засилување!
СледноПолувреме: ГОЛ – ШОУ на Дембеле против Б тимот на Норвешка!(ВИДЕО)