Ди Џеј Стујард: За Македонија ќе дадам максимум

155

Дивејн Стјуард Јуниор, нагтурализираниот американец во кошаркарската репрезентација на Македонија секако дека е голем плус за нас во овој квалификациски циклус. Пред македонските репрезенаттивци се два дуела до кои зависи оваа кампања, а тоа се мечевите против Ирска односно Луксембург.

Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра постигна 26 поени, а придодаде и пет скока и пет асистенции, демонстрирајќи го офанзивниот квалитет и енергијата која може да ја донесе во составот.

„Ова е мое прво искуство во еден национален тим и секогаш сакам да го дадам најдоброто од себе. Спремен сум да работам со соиграчите и да помогнам во секој посед на топката, секој потег на теренот и секој детал во кошаркарската игра“, порача Стјуард по дебито.

Контролниот дуел со Бугарија беше само подготовка за она што следува. Пред Македонија се последните два натпревари од групата „А“ во претквалификациите – домашниот дуел против Ирска на 2 јули во Скопје, а потоа гостувањето кај Луксембург три дена подоцна.

„Целта е да ги победиме следните два натпревари. Ќе се бориме да го направиме тоа и да бидеме најдобрата верзија на теренот“, додаде новиот македонски адут.

Со победничкиот менталитет и желбата за докажување, Стјуард го направи првиот чекор во македонскиот дрес. Вистинскиот тест, сепак, доаѓа во натпреварите кои носат многу поголема тежина.

 

ПретходноВардар ги доби противниците во Лигата на шампиони
СледноИнтервју со Дуња Иванова: Спортот и музиката кај мене не се спротивности, туку рамнотежа