Милиметрите кои му пресудија на Иран (ВИДЕО)

226

Фудбалската репрезентација на Иран не успеа да се квалификува во нокаут фазата на Светското првенство во 2026 година поради нееројатен офсајд во последните моменти од натпреварот. Во последното коло од Групата Г, азиската репрезентација ремизираше со Египет, беше 1:1, и остана без една од двете првопласирани позиции што ги водат понатаму.

Шоџа Калилзадех постигна гол во 93-тата минута од натпреварот, но 37-годишниот фудбалер беше во милиметарски офсајд пред да го совлада египетскиот голман, оставајќи го Иран без пласман во следната рунда.

Од друга страна, благодарение на оваа судиска одлука, Египет остана втор и се пласираше во нокаут фазата.

ПретходноИран за милиметри не успеа: Египет и Белгија одат во нокаут-фазата (ВИДЕО)
СледноПотврдени првите девет пресметки од 1/16-финалето на Мундијалот