Полувреме: Мајсторија на Сучиќ за водство на Хрватска, Панама – Англија 0:0!(ВИДЕО)

107
ФОТО:x.com/CroatiaFooty

Хрватска – Гана 1:0 и Панама – Англија 0:0, се резултатите по првите полувремиња од двата меча од 3.коло во групата Л. Во Филаделфија со прекрасниот гол од далечина на Петар Сучиќ во 31.минута, Хрватска има водство од 1:0 кое во целост го заслужи. Избраниците на селекторот Златко Далиќ одиграа добро полувреме, Влашиќ го погоди десниот дирек, имаше и уште неколку добри и опасни акции на Хрватите. Гана се “освести“ дури во финишот кога Семењо за малку не успеа да погоди од десно.

На “Метлајф“ во Њу Џерси по малку изненадувачки, Англија сеуште нема водство против Панама. Иако “Гордиот Албион“ имаше повеќе од играта, ама далеку е оваа игра од селекција која ја сака титулата. Инттересно, ако вака завршат и двата меча, тогаш Хрватска со 6 бода ќе заврши како прва, Англија ќе е втора а Гана трета, и сите одат во 1/16 финалето.

ПретходноИспаднаа од СП, па федерацијата им го укина луксузот и со комерацијален лет се враќаат дома!
СледноХрватска најдобра кога е најпотребно, Англија ја “реши“ Панама!(ВИДЕО)