Во недела стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

26

Од утре на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот ќе трае до 5.јули (недела) за кога е планиран финалниот меч во поединечна конкуренција.

Според распоредот на мечевите првиот ден се играат мечевите од првото коло од квалификациите, а во понеделник се играат мечеви од второто квалификациско коло, додека главниот тунрир и турнирот во двојки стартуваат во вторник. Истиот ден ќе се играат и мечевите од третото квалификациско коло, каде победниците (осум) ќе се пласираат на главниот турнир.

Во среда се планирани другите мечеви од 1.коло (сингл и двојки), додека во четврток е денот за мечевите од 2.коло (сингл и двојки). Во петок се планирани четвртфиналните сингл мечеви и полуфиналните во двојки.

За сабота е планирано финалето во двојки, како и двата полуфинални меча.

Почетокот на мечевите се планирани секој ден во 10 часот, а организаторот има можност да направи промени со саатницата за почеток на дневната програма.

Турнирот оваа година ќе се игра за награден фонд од 30.000 американски долари, а победникот ќе освои 25 поени.

ПретходноИвановски избори финале на турнирот М25 во Загреб
СледноДрама во најава: Заглавија преговорите меѓу Леброн и Лејкерс, Голден стејт во напад