Се чини дека е готово, барем според фудбалските инсајдери и релевантни медиуми во светот на фудбалот. Имено легендарниот полски напаѓач Роберт Левандовски има нов клуб. Тој потпиша за американскиот тим Чикаго Фајер. Откако со години доминираше на европските терени во дресот на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Барселона, 37-годишниот Роберт Левандовски се сели во САД. Тој потпиша договор со тимот на МЛС Чикаго Фајер.
Сите документи поврзани со работата се подготвени и ќе бидат официјализирани во следните 24 часа, а Фајер ќе добие огромно засилување. За деталите од договорот секако дека ќе треба малку да се почека.










