Расел е победник во супер трката во Австрија

63

Џорџ Расел, возачот на Мерцедес е победник на трката за Големата награда на Австрија која што денеска се возеше во рамките од новиот шампионат во Формула 1.

Расел успеа да ја валоризира пол позицијата која што ја освои претходно и да стигне до втората победа сезонава во првенството.

Трката која што инаку се возеше на патеката Ред Бул ринг донесе екстра возбудувања многу претекнувања и воопшто не личеше на Формула 1 трка на какви што сме навикнале во изминатиот период.

На втората позиција се пласираше Макс Верстапен од Ред Бул додека пак на третата позиција се искачи клупскиот колега на Расел од Мерцедес, Кими Антонели.

Токму Антонели води во генералниот пласман со 156 бодови пред Хамилтон со 115 и Расел со 105.

 

ПретходноДалиќ: Овие играчи заслужуваат респект и почит
СледноЧартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови