Роналдо 23 пати фатен во офсајд на СП, му требаат уште два за анти-рекорд

64
фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Кристијано Роналдо заврши на второто место на листата на играчи кои најчесто биле фатени во офсајд на Светските првенства во 21 век.

Португалија одигра нерешено 0-0 со Колумбија во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Напаѓачот и капитен на тимот двапати беше во офсајд на натпреварот.

41-годишниот Португалец сега има 23 офсајди на Светските првенства. Само поранешниот напаѓач на Холандија, Робин ван Перси е пред него со 25. Тиери Анри , кој играше за Франција, има 22 офсајди.

Роналдо беше фатен во офсајд четири пати на трите настапи на ова СП.

ПретходноЈокиќ ќе го одложи потпишувањето нов договор со Денвер
Следно72 гола од слободен удар: Меси се израмни со Пеле, Бекам…