Дали е ова светски рекорд? Гол после 110 додавања и 5 минути посед!(ФОТО+ВИДЕО)

173
ФОТО:facebook.com/p/%C3%89quipe-dAlg%C3%A9rie-de-football

Фантастичен натпревар одиграа во третото коло од Групата Ј фудбалерите на Алжир и Австрија. Конечниот резултат од 3:3 и шест гола им донесе добра забава на навивачите на трибините и покрај ТВ приемниците, а ги задоволи и двете селекции, бидејќи и Алжир и Австрија се пласираа во нокаут фазата.
Она што привлече посебно внимание беше третиот гол на африканската репрезентација во судиското продолжение за 3:2. Алжирските фудбалери се додаваа, градеа напад, Австријците ги „чекаа“ и на крајот – примија гол.


Статистичарите пресметаа дека Алжирците, пред нивниот капитен Ријад Марез да ја затресе мрежата на Австријците, ја имале топката во свој посед континуирано 5 минути! Во исто време, тие направија дури 110 додавања! Неверојатни бројки и веројатно нов светски рекорд во таа категорија.

Сепак, Австријците не тагуваа премногу на крајот. Тие возвратија во 90+6. минута преку Калајџиќ и израмни на 3:3.

ПретходноУжасна вест од Мундијалот за Манчестер Јунајтед: Важен играч ја пропушта цела сезона!(ВИДЕО)
СледноИнтересно: Кога се одржувале последните три СП, Новак секогаш победувал на Вимблдон!(ФОТО)