Меси и Аргентина со трет триумф, Алжир и Австрија одиграа 3:3 за да одат во 1/16-финале (ВИДЕО)

77
фото: FIFA World Cup Stats (X)

Аргентинa ја освои групната фаза на Светското првенство и се пласираше во нокаут фазата со максимални девет бода.

Актуелните светски шампиони рутински го победија Jордан со 3-1, откако претходно ги победија I Алжир (3-0) и Австрија (2-0). Jордан успеа да постигне барем гол во својот прв настап на Светското првенство.

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, одлучи да игра со мешан состав, но неговите играчи и покрај тоа немаа проблеми. Џовани Ло Селсо го постигна првиот гол во 19-тата минута, додека Лаутаро Мартинез зголеми на 2-0 од пенал во 31-вата минута.

Jордан стигна до утешeн гол во 59-тата минута, кога Муса Тамари од Рен го намали резултатот на 1:2. Лионел Меси влезе во игра во 60-тата минута, а во 81-вата минута постигна гол за конечни 3:1. Тоа беше негов шести на турнирот, а 19-ти во историјата на Светските првенства.

Алжир и Австрија ремизираа во Канзас Сити со резултат 3:3, со што двата тима се пласираа во втората рунда на Светското првенство.

Случајно или намерно, Алжир и Австрија одиграа со единствениот можен резултат што им овозможи на двата тима да продолжат понатаму, на сметка на несреќниот Иран, кој заврши под линијата на најдобрите третопласирани тимови.

ПретходноРеми без голови меѓу Колумбија и Португалија, ДР Конго славеше за 1/16-финале
СледноЗаврши групната фаза: Ова се комплетните двојки за 1/16-финалето