Уште еден рекорд за Лука Модриќ: Капитенот на Хрватска е највозрасниот асистент на Мундијалите

67

Победата на Хрватска над Гана синоќа од 2:1, не значеше само пласман на „Коцкастите“ во следната, елиминациона фаза на овој Мундијал. Оваа репрезентација руши рекорди многу често на последните турнири, а така е и на тековниов.

Синоќа Хрватска победи со головите на Петар Сучиќ и Никола Влашиќ, а повторно како и стотици пати досега на терен беше најдобар капитенот, 41. годишниот Лука Модриќ, кој што воедно беше и асистент. Тој го изведе корнерот кој што во 83. минута на Хрватска и донесе водство. Модриќ синоќа го одигра 201 меч во националниот дрес, асистенцијата го вели следново.

Таа е дело на најстариот играч кој што додал за погодок во историјата на Мундијалите. Модриќ во моментов има 40 години и 291 ден, што дефинитивно го прави нахстар асистент откако се води оваа детална статистика на Мундијалоте, а тоа е од Светското во Англија во 1966 година.

 

ПретходноСе создава португалски „клан“ во Милано: Антонио Силва се сели во Милан
СледноДалиќ: Овие играчи заслужуваат респект и почит