Огура е победник на трката во Холандија

85

Во рамките од МОТО ГП шампионатот, викендов се возеше трката за големата награда на Холандија, поточно на патеката во Асен, а победник е јапонецот, Аи Огура.

Ова беше премиерна победа на Огура во кариерата во овој шампионат.

Тој ја заврши трката како лидер пред Раул Фернандез од Шпанија кој што заостана 2.004, додека пак на третата позиција на пиедесталот се искачи уште еден шпанец, Хорхе Мартин со заостанување од 3.512.

Во генералниот пласман води Марко Безеки кој што има вкупно 186 поени, додека Хорхе Мартин е втор со 177. Трет е Фабио Ди Џианантонио со 144 бода.

ПретходноОдигра 10 минути на ова Светско, ама потроши околу 1 милион долари
СледноСе создава португалски „клан“ во Милано: Антонио Силва се сели во Милан