Хрватска најдобра кога е најпотребно, Англија ја “реши“ Панама!(ВИДЕО)

229
ФОТО:x.com/HNS_CFF

Хрватска – Гана 2:1 е исходот од мечот од 3.коло во групата Л кој вечерва се одигра во Филаделфија. Добар меч на “Коцкестите“ и заслужена победа и тоа со головите на Сучиќ во 31.минута за 1:0 и Влашиќ во 83.минута за 2:1. За Гана за 1:1 во таа 73.минута стрелаше Лукасен.

Со оваа победа Хрватска заврши на второто место во групата Л па така во 1/16 финалето од нокаут – фазата за ривал ќе ја има Колумбија или Португалија. Вечерва во Филаделфија одличен настап имаше ветеранот Лука Модриќ кој е најзаслужен за пласманот на “Коцкестите“ во следната фаза. И покрај поразот Гана се пласира во нокаут – фазата.

Прва во групата е очекувано селекцијата на Англија која славеше против Панама со 2:0 и тоа со головите на Белингем во 62.минута и Кејн пет минути подоцна. Со овој гол сега Хари Кејн е рекордерот со 11 голови за селекцијата на Англија на Мундијалите, на второ место остана Гари Линекер со 10.

Во секој случај издание со кого селекторот Томас Тухел а и јавноста во Англија нема да бидат задоволни.

Којзнае, можеби најдоброто од оваа селекција допрва може да се очекува.

ПретходноПолувреме: Мајсторија на Сучиќ за водство на Хрватска, Панама – Англија 0:0!(ВИДЕО)