Капитенот на У-21 репрезентацита на Македонија, Димитар Трајков својата кариера ќе ја продолжи во Албанија и тоа во тимот на Вора. Напаѓачот го раскина договорот со Полисија, клуб од Украина и во следниот период ќе игра во елитниот шампионат на Албанија.
Кога сме кај Вора да кажеме дека минатата сезона ја заврши на седмата позиција а таму беше и Енис Фазлагиќ, некогашен младински репрезентативец на Македонија.
Инаку Трајков својата кариера ја започна во Брера, потоа играше и за Беласица, Работнички, Полисија, беше на позајмица во Дуго Поље, а сега како слободен играч прави трансфер во Вора од Албанија.










