Официјално: Целје се пофали со Узунчев!(ФОТО)

157
ФОТО:.facebook.com/rkceljepivovarnalasko/

Сега веќе нема дилеми. Димитар Узунчев од денеска и официјално ќе го носи дресот на Целје и ќе игра следната сезона во Лигата на Шампионите со овој словенечки клуб. Вечерва неговиот нов клуб и официјално го претстави големиот македонски ракометен талент.

Узунчев беше дел од составот на РК Бутел, а претходно играше и за тимот на Мулти Есенс.

Имаше некочлку понуди, но сепак се реши за словенечкиот тим на Цеље.

Овој трансфер за мене е огромен чекор напред во кариерата, огромна чест е да се биде дел од клуб со таква традиција, клуб што така одлично развива млади ракометари. Среќен сумм што сум дел од оваа приказна, да можам да заиграм во Лигата на Шампионите е исполнување на мојот сон. Ќе сторам се за да ја оправдам довербата и да помогнам да оствариме што подобри резултати“, изјави македонскиот ракометар за клупскиот сајт на Целје.

ПретходноНационално првенство на Македонија за сениори и сениорки 2026
СледноПедро Мартинез на клупата на Реал Мадрид?!