Стартува Вимблдон: Ѓорческа утре за историја, Синер, Новак, Сабаленка, Швјонтек се фаворити

222

Денес започнува Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир во светот, кој ќе го привлече вниманието на сите спортски фанови во текот на следните две недели.

Лондонската трева повторно ќе биде сцена на епски битки, а во машка конкуренција главни фаворити за освојување на златниот пехар се Јаник Синер и најдобриот светски тенисер низ историјата, Новак Ѓоковиќ.

Синер сака да ја потврди својата доминација на тревната подлога, додека неуморниот Ѓоковиќ повторно брка рекорди и историја.

За нас посебно интересен ќе биде женскиот турнир, каде за првпат во историјата на македонскиот тенис ќе имаме и наша тенисерка. Лина Ѓорческа испиша историја минувајќи ги квалификациите и изборувајчи пласман во 1. коло. За тетовчанката премиерата ќе биде утре, кога во првите дневни дуели ја очекува пресметка со шестата носителка на Вимблдон, Анисимова од САД.

Кај дамите Ига Швјонтек ја брани титулата, но улогата на прв фаворит, според прогнозите на експертите ја има Арина Сабаленка. Елена Рибакина, како и сензационалната победничка на Ролан Гарос, младата Мира Андрејева, ќе бидат фаворити од сенка.

ПретходноПознати се судиите на мечевите на Шкендија и Силекс во 1.квалификациско коло во ЛК
СледноЛина пред првиот настап на Вимблдон: Утре ќе дадам се од себе, гледајте и навивајте од дома