Статистиката, а и струката вели, Канада заслужено оди понатаму

136

Синоќа на тековниот Мундијал се одигра првиот дуел од елиминациите. Групната фаза е минато, а сега е време за мечевите во кои во деведесет минути се одлучува се и нема време за поправен испит.

Домаќинот Канада ја отвори оваа фаза од натпреварувањето во дуелот против Јужна Африка. Канаѓаните обезбедија победа и пласман понатаму од минимални 1:0 и тоа со гол постигнат во последните моменти од регуларниот дел.

Горазд Михаилов смета дека самата статистика, вели, а тоа е поткрепено и од стучниот агол, дека Канада заслужено оди понатаму, и покрај реално не баш најдобро одиграниот меч.

„Коа ќе се сублимираат сите параметри од мечот и кога ќе се видат сите оние статистички податоци секако дека треба да се констатира дека Канада беше подобар противник во овој дуел со Јужна Африка и заслужено оди во следната фаза. Го продолжува сонот за успешен настап на овој турнир еден од ко организаторите. Продолжува во следната фаза во осминафиналето. Секако дека таму нема да е лесно, напротив ќе биде многу тешко затоа што се очекува нивен ривал да биде победникот од Мароко и Холандија.

Самиот меч не се одликуваше со многу убавина, но со многу трчање да речеме. Доста дуели, борба. Немаше некои изгледни ситуации, нешто во првиот дел кога Канада се закани во повеќе наврати, а Јужна Африка еднаш до два преку тие контра напади. Канаѓаните стоеа во тој среден блок, го оставаа противникот да игра, а од друга страна Јужна Африка не комплицираше премногу, со едно до две додавања, обидуваа да пробијат со вертикална топка, или пак да оди таа дијагонала, па со втора топка што се вели да се освои простор и да се направи шанса.

Канада се обидуваше од друга страна повеќе да ја држи топката во свои нозе, да организираат и кога ќе дојдат во таа трета зона што побрзо да ја завршат акцијата, не се од типот на другите репрезентации, се обидуваа и од некои неизградени ситуации да шутираат. Имаа поизгледни шанси во вториот дел, во последните петнаесет минути од мечот, особено по паузата за хидратација.

Ете, им се посреќи во тоа судиско надополнение, по едно расчистувањеод страна на јужноафриканците, едноставно топката му „легна“ и со прецизен и силен удар Еустакио реализираше за водство, а и за победа автоматски потоа.“ – вели Михаилов.

 

ПретходноСилекс се засили на левата бековска позиција
СледноДенеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко