Денеска Игор Стојчевски суди на ЕП во Велс

106

Вчера стартуваше Европското првенство за фудбалери до 19 години во Велс каде 8 селекции се поделени во две групи, а на завршницата имаме и наши претставници од Македонија. Стабнува збор за судиите Игор Стојчевски и помошникот Александар Ѓурковски кои се делегирани за денешната пресметка од Групата Б каде ќе се сретнат Хрватска и Украина. Средбата се игра од 21 часот во градот Бангор.

Ова е прв ваков „покрупен“ предизвик за Игор Стојчевски и негово учество на завршен турнир, иако станува збор за играчи до 19 години.

Во текот на наредните неколку дена ќе се знае на кои следни дуели нашиот арбитар со знакот на ФИФА ќе биде делегиран. Поради овој ангажман тој нема да биде во комбинација за првите клвалификациски кола од евро-натпреварувања.

ПретходноЌе има директен пренос од историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон
СледноСо продажбата – Брегалница има 750.000 евра сигурни пари!